Напаѓачот на Лил, Рафаел Леао веќе е во „Ла Мадонина“ клиниката во Милано каде треба да ги мине лекарските прегледи. По ова ќе следи официјализирање на трансферот за кој Милан ќе плати 25 милиони евра веднаш и 5 милиони на име на бонуси.

Леао се очекува да потпише пет годишен договор според кој ќе заработува по 2 милиони евра по сезона.