Фудбалерите на Рајо Ваљекано го совладаа Елче со 2:1 во деветтото коло во Примера.

Пред овој натпревар, Рајо беше во серија од три победи што ја прекина Осасуна во последното коло.

Затоа, сите очекуваа дека тимот од предградијата на Мадрид ќе падне, но тоа не се случи.

Се врати на вистинскиот пат по пресвртот против Елче. Поранешниот играч на Торино, Лукас Боје го донесе гостинскиот тим во водство во 14. минута.

Аргентинецот упати убав удар во долниот лев агол, а Столе Димитревски немаше шанси.

Славјето на Елче не траеше долго, со оглед на тоа дека десниот бек на Рајо, Марио Ернандез донесе израмнување само 12 минути подоцна. Ернандез го искористи центаршутот на Санти Комесана и ја смести топката  на левата статива.

Целосниот пресврт го донесе резервистот Ренди Нтек, кој ја искористи асистенцијата на Оскар Трех за да ги донесе сите три бода на својот тим.