Севиља е дефинитивно екипата во најдобра форма во Шпанија, откако вечерва на домашен терен славеше против Гранада со 2:1 во натпревар од 32 коло.

До оваа победа, Севиља дојде со головите на Ракитиќ и на Окампос.

По ова Севиља дојде на три бода негатива во однос на лидерот Атлетико Мадрид кој има и натпревар помалку.

На вториот натпревар во вечерниот термин, Селта Виго славеше против Осасуна со 2:1.

Standings provided by SofaScore LiveScore