Сампдорија ја запиша шестата овосезонска победа во Серија А откако го совлада Торино со 3:1.

Клучен во во победата за гостите беше Гастон Рамирез, Уругваецот постигна прекрасен гол од слободен удар во 70 минута за израмнување откако домаќините поведоа преку Верди во 56 минута.

По ова следуваше уште еден гол од плејмејкерот на Сапмдорија во 75 минута по асистенција на Кваљареал кој во 79 минута од пенал ги постави конечните 1:3.

Со оваа победа Сампдорија ја прекина низата без триумф додека за Торино ова беше четврти пораз по ред.