Јувентус го победи Интер со 2-0 во Торино, по втор пат сезонава „старата дама“ е подобра од конкурентот за титулата.

Актуелниот шампион беше подобар од Интер на „Дерби Д’Италија“, заслужено стигна до победата со головите на Арон Рамзи и Пауло Дибала во вториот дел.

Рамзи погоди за Јувентус по 10 минути игра во вториот дел за предност од 1-0.

Победата на Јувентус ја потврди Дибала во 67 минута од средбата. Јувентус сега има 63 бода, Интер зад лидерот заостанува со 9 бода, има и средба помалку.