Манчестер јунајтед славеше вечерва на гостувањето во Париз кај ПСЖ со 2-1 благодарение на голот во самиот финиш од натпреварот на Маркус Рашфорд.

Претходно, гостите стигнаа до водство од пенал, а домаќините се вратија преку автогол.

Водечкиот гол беше дело на Бруно Фернандеш од пенал, откако во шеснаесеттикот беше соборен Марсијал.


„Пенал – мајсоторот“ на Јунјатед беше прецизен од вториот обид, откако Навас прво го одбрани неговиот удар, но главниот судија го повтори изведувањето бидејќи голманот на ПСЖ беше излезен од гол линијата.

Финалистот во ЛШ од минатата сезона израмни во 55 минута, откако по корнерот што го изведе Нејмар, Марсијал несмасно интервенирааше во шеснаесеттикот и ја смести топката во сопствената мрежа.

На три минути пред крајот на мечот, Рашфорд со прецизен удар му донесе победа на тимот на Оле Солскјер.

Во истата група, Лајпциг со два гола во воведните 20 минути славеше против Башакшехир.