Напаѓачот на Манчестер јунајтед Маркус Рашфорд израмни рекорд стар 21 година во сопственост на неговиот актуелен тренер Оле Солскјер.

Рашфод во средата влезе од клупата за резерви и постигна  хет трик против Лајпциг во Лигата на шампиони, со што стана само вториот фудбалер во историјата на Јунјатед кој успеал да постигне три гола како резерва. Пред него, тоа му успеа на Солскјер во 1999 година против Нотингем Форест.

Рашфрд, исто така, постави и рекорд за најбрз хет трик во Лигата на шампиони со трите гола во 74 мин, 78 мин и 92 минута.