За време на натпреварот меѓу Кристал Палас и Манчестер Јунајтед, капитенот на „Ѓаволите“ Хари Мегваер доби вербална воспитна од Рашфорд откако побара на неучтив начин од напаѓачот да се врати во позиција и да не заглавува во офсајд.

На ова следуваше одговор од Рашфорд со зборовите, еби се!

Со ова само се потврди кризата за која островските медиуми пишуваат веќе една недела, Солскјер полека ги губи „конците“ во соблекувалната каде се почесто има вербални пресметки меѓу Мегваер, Фернандес со дел од помладите играчи.

Неофицијално, Фернандес неодамна го искажал својот бес кон Марсијал и Рашфорд и побарал поголема концентрација на натпреварите, а Португалецот имаше и јавно препукување со Линделоф по серијата грешки на Швеѓанецот пред неполн месец.

Јунајтед на последните пет натпреварите во Премиер лигата одигра четири нерешени а на последните два меча не успеа ни да постигне гол.

Солскјер уверува дека се ќе биде во ред, иако во моментов, Јунајтед е далеку од опасна екипа која може наскоро да го загуби и второто место на табелата.