Манчестер Јунајтед запиша победа над Норич со 3-1 на гости, можеше да биде и поубедливо ако Рашворд и Марсијал погодеа од единаесет метри.

Интересно е тоа што тандемот на Јунајтед постигна по еден гол на оваа средба но и двајцата не искористија по еден пенал, ова се случува за прв пат во историјата на Премиерлигата.

Голманот на Норич, Тим Крул со неверојатни интервенции ги одбрани ударите на Рашворд и Марсијал во 29 и 44 минута, сепак прими по еден гол од овие двајца во 30 и 73 минута.

Откако постои Премиерлигата за прв пат се случува исти двајца играчи на еден натпревар да неискористат пенали но ида се запишат во листата на стрелците.

ВИДЕО: