Продолжува агонијата на Ајакс, кој нанижа 4 порази на последните 5 средби.

Само неколку дена по поразот од АЗ Алкмар, со кој падна на второто место во Ередевизија, вчера Ајакс загуби и во полуфиналето на Купот на Холандија. Подобра од него беше екипата на Утрехт, која славеше со чисти 2:0.

Вчера Ајакс повторно прими лесен гол и тоа после прекин во 33. минута, кога Ван де Стрек скокна повисоко од другите и го матираше голманот Онана. Вториот гол го постигна Симон Густафсон, кој во 65. минута реализираше пенал.

 

.