Тренерот на фудбалскиот клуб Јувентус Маурицио Сари го имаше првиот вербален дуел со Кристијано Роналдо.

Стратегот брзо ја смири ситуацијата и истакна дека Португалецот е најдобриот играч во тимот и ќе има слобода да прави што сака на теренот

Кога Кристијано Роналдо беше повлечен од игра во 63. минута, кратко по голот со кој донесе предност за „старата дама“ од 2-1, Португалецот имаше насмевка на лицето се додека не се поздрави со Маурицио Сари.

Двајцата потоа си дофрлија нешто, а Португалецот незадоволно се упати кон клупата за резервни играчи.

„Кристијано е најдобриот играч во овој тим, па ќе треба добро да ги организираме останатите десет во дефанзивната фаза од играта. Роналдо е најдобар и важно е да има слобода на теренот. Може да игра било каде и да прави што сака“ порача тренерот на Јувентус.