Неверојатна ситуација во Барселона, веројатно за првпат, на прес конференцијата Роналд Куман се појави, прочита што имаше да каже и излезе, можност за прашања немаше никој.

Станува извесно дека ситуацијата во клубот е тешка, тренерот Куман е пред отказ, за него најважен меч е утрешниот со Кадиз, без победа веројатно ќе добие отказ.

„Клубот е со мене во фаза на реконструкција, ситуацијата со финансиите е поврзана со спортскиот дел, ќе мора да направиме тим без големи вложувања и за тоа е потребно време. Знам дека медиумите го разбираат овој процес, сметаме на вашата поддршка во овие тешки времиња, верувам дека и навивачите го разбираат тоа. Да живее Барселона“ – изјави Куман.