Ливерпул загуби од Вотфорд и со тоа стави крај на трката во обидот да го стигне рекордот на Арсенал од 2004 година кога „Топџиите“ ја освоија Премиер лигата без пораз.

Од серијата досетки кои веднаш почнаа да се појавуваат на социјалните мрежи ги издвојуваме постовите на Твитер на Арсенал и на Гери Невил.

Смешно е што „Топџиите“ се огласија веднаш по поразот на Ливерпул заборавајќи го својот срам оваа сезона во која се на 10 место на табелата во Англија а во четвртокот беа елиминирани од Олимпијакос во Лигата на Европа на УЕФА.

Гери Невил како легенда на Јунајтед, се исмева на формата на Ливерпула а неговиот матичен клуб оваа сезона има 38 бода помалку од лидерот Ливерпул.