Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Родриго со 18 години и 301 ден стана најмладиот стрелец од Бразил во Лигата на шампионите откако вечерва постигна хет-трик во победата над Галатасарај од 6:0.

Во листата на стрелци се запишаа и Рамос со гол од пенал и Бензема кој постигна два гола во завршницата од средбата.

Од оваа, група А, ПСЖ со минималната победа над Клуб Бриж обезбеди пласман во осминафиналето. Икарди го постигна единствениот гол во 22 минута.