Зинедин Зидан нема да биде среќен откако неговиот тим ремизираше без голови против Бетис во натпревар од 32 коло во Ла Лига.

Домаќинот доминираше на теренот, имаше тројно повеќе шанси од Бетис но и покрај ова не успеа да го совлада Браво.

Во составот на Зидан се вратија Модриќ, настапи и Иско а шанса доби и Азар но ова не донесе промена.