Фудбалерите на Реал Мадрид конечно остварија победа во подготвителниот период за новата сезона и тоа во мечот со турски Фенербахче на „Ауди Купот“ во Минхен.

Двата тима играа за третото место на овој турнир, а истото им припадна на фудбалерите на Реал Мадрид кои натпреварот го добија со 5-3.

За Кралевите Бензема постигна хет-трик, а погодија уште Начо и Дијаз, додека пак за Фенер стрелци беа Родригес, Дирар и Туфан.

За трофејот на турнирот ќе играат домаќинот Баерн Минхен и лондонски Тотенхем.