Шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид сезоната во Ла Лига ја отвори со победа нагости против Селта Виго од 3:1.

До водство Реал стигна откако Бејл после еден дриблинг уфрли од левата страна, а Бензема ја смести топката во мрежата.

Во првото полувреме ВАР поништи гол на Селта поради офсајд.Во 56-тата минута ВАР повторно стапи на сцена, но овој пат на штета на Реал. Судиите од ВАР собата го повикаа судијата да прегледа еден старт на Модриќ, а после прегледувањето на снимките Модриќ беше исклучен.

Иако со играч помалку Реал стигна до погодок само четири минути. Тони Крос зголеми на 0:2 со еврогол од далечина. Во 80-тата минута после една одлична акција Лукас Васкез ги реши сите дилеми околу победникот. Конечните 1:3 ги постави 18-годишниот Лосада во финишот од натпревар.

Со оваа победа Реал Мадрид за прв после 27 месеци е пред Барселона на табелата. Ќе потсетиме Барселона одбраната на титулата ја стартуваше со пораз од Атлетик Билбао.