Шпанското дерби „Ел Класико“ му припадна на Реал Мадрид кој со два  гола ја победи Барселона.

Клучен момент беше 71 минута, Винициус Жуниор го совлада голманот на Барселона  Марк-Андре тер Штеген за предност а со тоа ја најави  победата на „кралевите“

Триумфот на „кралевите“ по пет ипол години го потврди  Дијаз во 93 минута од средбата на својот прв настап сезонава за Реал.

Барселона на 14 натпревари по ред на „Сантјаго Бернабе“ постигнуваше голови но вечерва „Ел Класико“ го заврши без постигнат погодок во Мадрид.

Реал Мадрид со оваа победа се искачи на првото место на табелата, има бод предност во однос на Барселона по големата победа вечерва.