Избраниците на Зинедин Зидан ќе го дочекаат 25 коло во Ла Лига од лидерската позиција на табелата со бод предност во однос на Барселона откако одиграа само 2:2 против Селта на „Сантијаго Бернабе“.

Селта поведе со голот на Смолов во 7 минута по одличното додавање од Аспас.

Во второто полувреме, Реал Мадрид преку Крос и Рамос дојде до пресврт, поведе со 2:1.

 

Конечните 2:2 беа дело на Санти Мина во 85 минута.