Реал Мадрид го одигра веројатно најдобриот меч сезонава на гостувањето кај Еибар и славеше со убедливи 0-4.

„Кралевите“ уште во 17 минута ја најавија победата со голот на Бензема, а само три минути подоцна преку Рамос со удар од белата точка ја дуплираа предноста. Кралскиот клуб преку Бензема со уште еден удар од белата точка зголемија на 3-0, резултат со кој што се замина на пауза. Во вториот дел Валверде ги постави конечните 0-4 со одличен удар од шеснаесет метри.

Со оваа победа „кралевите“ се искачија привремено на првата позиција со 25 поени, но и натпревар повеќе од Барселона која вечерва ја дочекува Селта, а доколку слави „каталонците“ ќе се вратат на врвот на шпанска ЛА Лига.