Осасуна немаше сили за изненадивање против Реал Мадрид пред своите гледачи, загуби со 4-1 иако прва поведе на средбата.

Домашните поведоа со голот на Гарсија во 14 минута. Реал одговори преку Иско во во 33 минута за 1-1. Рамос му носи предност на тимот од Мадрид во 38 минута.

На 3-1 зголеми Лукас во 84 минута. Кога се чинише дека средбата ќе заврши со овој резултат, Јовиќ кој влезе во игра во финишот се запиша во листата на стрелците за конечни 1-4.

Реал има пет победи во низа во Ла Лига, по поразот од Сосиедад во Купот на Кралот брзо се опорави и запиша победа во првенството со која ја потврди првата позиција на табелата.