На стадионот „Алфредo  Ди Стефано“ во Мадрид, Реал е поразен од Шахтјор со 2-3, „кралевите“ се спасуваа од висок пораз, тимот од Украина водеше со 3-0 по првиот дел.

Тете, Соломон и автоголот на Варан му донесоа предност на Шахтјор со 3-0 по 45 минути игра. Реал се врати резултатски, Лука Модриќ  и Винициус Жуниор постигнаа голови во 54 и 59 минута, намалија но не го спречија поразот.

Голот на Модриќ беше ремек дело, тоа е мала утеха за Реал Мадрид кој важеше за голем фаворит.

На вториот одигран натпревар денеска во Лигата на шампионите, Салцбург и Локомотив Москва одиграа 2-2.