Реал Мадрид запиша гостинска победа против Сосиедад 2-0, но го загуби Карим Бензема, тој се повреди на средбата на средината од првиот дел.

Бензема се повреди и се очекуваат детали колку е сериозна повредата, на негово место во игра влезе Лука Јовиќ кој запиша гол, и Винисиус кој прв погоди за „кралевите, Реал победи со 2-0.

Реал на табелата има 39 бода и е на првото место, зад него е Севилја со 8 помалку но и средба помалку од „кралевите“.