Реал Мадрид и Севилја одиграа возбудлив и интересен меч, на крај без победник, а „кралевите“ треба да се среќни со бод, Еден Азар ги спаси со гол во 94 минута.

Со голот на Фернандо во 22 минута, гостите поведоа во Мадрид. Реал стигна до израмнување во 67 минута преку Асенсио.

Предност на Севилја им донесе Ракитиќ од пенал во 78 минута, кога се чинеше дека гостите ќе заминат од Мадрид со сите три бода, Азар погоди во судиското продолжение и спречи пораз на Реал.

На табелата по средбата во Мадрид, Реал има 75 бода на второто место, прв е Атлетико Мадрид  со два повеќе, Севилја губи здив за врвот, но убедливо е четврта на табелата.