Реал Мадрид се спаси од пораз на „Сантјаго Бернабеу“ на дуелот со аутсајдерот Клуб Бриш, одигра 2-2, со играч повеќе стигна до бод во финишот.

Емануел Денис го шокираше Реал Мадрид со два гола во првото полувреме во 9 и 39 минута за неверојатна предност по 45 минути игра.

Белгијците потклекнаа во второто полувреме, не издржаа пред налетите на „кралевите“ кои стигнаа до израмнување.

Рамос во 55 минута намали на 1-2 по асистенција на Бензема.

Во 84 минута Вормер од Клуб Бриж заработи црвен карто, само една минута подоцна израмнува Реал, гол постигна Касемиро за 2-2.

Ова е ново непријатно изнеандување за навивачите на Реал, тимот од Белгија освои голем бод во Мадрид.