Арсенал преку реклама го претстави својот нов дрес за сезоната 2019/20 во Премиерлигата. Всушност, рекламниот спот случајно беше поставен на „YouTube“ каналот , беше избришан  но се рашири на интернет со огромна брзина.

На рекламата, легендата на Арсенал, Јан Врајт зборува дека не морате да бидете родени во Лондон за да бидете дел од таа култура. Адидас го менува Најк за прв пат кај Арсенал по 90-те години од минатиот век.