Ромелу Лукако потсети за момент на Лионел Меси и неговиот гол против Наполи, не дека ова е идентична ситуација но имаше свртување, дриблинг и демонстрација на силата на напаѓачот кој учествуваше и за првиот гол на Интер во дуелот со Леверкузен од четвртфиналето од ЛЕ.

Со овој гол, Лукаку се запиша во историјата на Лига на Европа како единствениот кој постигнал барем по еден гол на девет натпревари по ред во ова натпреварување.

Бундеслигашот на 2:1 намали преку Хаверц во 25 минута. Ова е резултатот и по првото полувреме.

На вториот натпревар од четвртфиналето, Манчестер Јунајтед и Копенхаген по првото полувреме одиграа без голови, во последната минута од првиот дел, му беше поништен гол на Гринвуд поради офсајд.