Интер се пласираше во полуфиналето од Лига Европа откако го победи Баер Леверкузен со 2:1 во четвртфиналето одиграно на „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф, Германија.

Барела го отвори резултатот во 15 минута, во акција во која главната улога ја имаше Лукаку.

Белгиецот зголеми на 2:0 во 21 минута по додавањето од Јанг и стана првиот играч во историјата на Лига Европа кој постигнал барем по еден гол на девет меча во ова натпреварување.

Конечните 2:1 беа делот на Каи Хаверц во 21 минута, асистираше Воланд.

Во полуфиналето Интер ќе игра со подобриот од утрешното четвртфинале меѓу Шахтјор и Базел.