Фудбалерите на Милан без неколкумина стандардни првотимци пред се во нападот, успееа да слават на гостувањето кај Верона со 2:0 во натпреварот од 26 коло.

Круниќ постигна прекрасен гол од слободен удар во 27 минута, а конечните 2:0 беа дело на Дало во 50 минута.

Следен предизвик за Милан е дуелот со Манчестер Јунајтед во Лига Европа по што ги очекува дербито со Наполи во Серија А закажано за 14 март.

Standings provided by SofaScore LiveScore