Фудбалерите на Лидс напредуваа на десетото место на табелата во Премиер лигата откако ја прекинаа низата порази и го совладаа Саутепмтон со 3:0 во заостанатиот натпревар од 18 коло.

Бамфорд го отвори резултатот во 47 минута, на 2:0 заголеми Далас во 78 минута а најубавиот гол на натпреварот го постигна Рафиња во 84 минута од слободен удар.

Нашиот репрезентативец, Алиоски влезе во игра во 59 минута. Во следното коло Лидс во сабота ќе ја пречека Астон Вила.