ПСЖ го освои Супер Купот на Франција откако го победи Рен во финалето со 2:1. Парижаните настапија без Нејмар а по првото полувреме беа во негатива од 1:0 откако Хоноу реализираше во 13 минута.

Во второто полувреме Мбапе по асистенцијата на новото засилување Сарабија израмни на 1:1 во 57 минута.

Конечните 2:1 ги постави Ди Марија со прекрасен гол од слободен удар во 73 минута.