Германија обезбеди пласман во полуфиналето на Европското фудбалско првенство за играчи до 21 година, откако им беше доволно само реми против селекцијата на Австрија (1-1). „Панцирите“ поведоа на натпреварот со маестралниот погодок на Валдшмит во 14-тата минута, за само 10 минути подоцна, Дансо од белата точка да ги постави и конечните 1-1.

Во вториот натпревар од денешната програма, Данска рутински со 2-0 ја совлада селекцијата на Србија, со што нашите соседи се збогуваа од Европскиот шампионат со три порази. Сепак, Данска и покрај триумфот не си обезбеди пласман во полуфиналето.