Валенсија и Челси одиграа 2:2 во дербито на 5 рунда во Х конкуренцијата во Лигата на шампионите. По ова и двата тима останаа во игра за осминафиналето а многу работи за расплетот ќе зависат од Ајакс.

Валенсија поведе со голот на Солер во 40 минута по асистенцијата на Родриго. Челзи возврати следната минута преку Ковачиќ.

 

На стартот од второто полувреме се повреди најдобриот стрелец на „Сините“, Абрахам кој беше заменет од Батшуаи. Во 50 минута Пулишиќ реализираше за водство на островјаните од 2:1.

По ова Парехо не погоди од белата точка за 2:2 во 65 минута а конечниот резултат го постави Вас со гол во 82 минута.

Во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите, Челси ќе го пречека Лил а Валенсија гостува кај Ајакс.

На вториот натпревар одигран во воведниот термин вечерва, Зенит го победи Лион со 2:0 и со ова ги одржа шансите за пласман во елиминациите.