Реми на стадионот Диего Армандо Марадона во Неапол. Интер кој речиси веќе сигурно е шампион и Наполи кој жестоко се бори за пласман во Лигата на шампионите ги поделија бодовите, конечниот резултат гласи 1:1.

Наполи поведе во првото полувреме со автоголот на голманот на Интер, Самир Хандановиќ во 36-тата минута.

Интер пак израмни со убавиот гол на Кристијан Ериксен во 55-тата минута.

На Интер овој резултат не му менува речиси ништо, остануваат убедливо на врвот, на седум кола до крајот имаат девет бода повеќе од Милан кој е втор на табелата. Кога е во прашање Наполи, сигурно посреќни од нив се нивните ривали, пред се Јувентус. Актуелниот шампион и тимот кој девет години по ред го освојуваше Скудетото е на два бода пред Наполи на четвртата позиција и јасно е дека до крајот на сезоната ќе има многу интересна битка за пласман во Лигата на шампионите.

Standings provided by SofaScore LiveScore