Глазгов Ренџерс го доби првото „Олд фирм“ сезонава во шкотската Премиерлига. откако славеше попладнево на гостувањето кај вечниот ривал Селтик со 2-0.

Човек на одлука беше дефанзивецот на Ренџерс Голдсон со два гола за голем триумф во градското дерби.

Ренџерс поведе во 9.минута преку екс играчот на Брајтон, а Голдсон со свјот втор гол во 55 минута ги постави конечните 2-0.

Ренџерс сега има четири бодови предност пред второпласираниот Селтик, но и натпревар повеќе во однос на најголемиот конкурент за шампионската титула.