Ренџерс успеа да слави во Олд Фирм дербито со 2:0 и така стигнаа до четвртфиналето од Купот на Шкотска.

Тимот на Стивен Џерард поведе со голот на Дејвис во 10-тата минута, а на 2:0 зголеми со помош на автоголот на Кени од Селтик, во 34-тата минута.

Со тоа Ренџерс оди на двојна круна, а во четвртфиналето ќе играат против Сент Џонстон, додека Селтик останува без трофеј.

Пет пати по ред Купот на Шкотска беше во нивни раце, а сега прв пат по 10 години остануваат без трофеј.