Репрезентативецот на Велс, Даниел Џејмс, беше во бесознание три минути по судирот со Домагој Вида на мечот со Хрватска, потоа стана и го продолжи натпреварот.

Во Кардиф, Велс и Хрватска одиграа нерешено 1-1, Вида и Џејмс во 15. минута во борба за топка се судрија и подебелиот крај го извлече репрезентативецот на Велс.

Џејмс од силниот удар три минути беше во бесознание, стана и го продолжи натпреварот. Тој е играч на Јунајтед и е еден од најдобрите поединци во екипата која се мачи со слабите резултати сезонава.

 

За оваа ситуација се огласи селекторот на Велс, Рајан Гигс, тој тврди дека Џејмс глумел.