Голманот на Генерал Диаз, Густаво Сердан, направи ретко глупа грешка на натпреварот со Гуарења во 6. коло на првенството на Парагвај.

Сердан доби топка од својот дефанзивец и место да ја испрати далеку напред, тој реши да го дрибла противничкиот напаѓач. На крајот се сопна и топката заврши зад гол линијата. Ретко виден автогол.