Непосредно пред и официјално да биде стопиран Купот Либертадоре, се одигра средбата меѓу Гремио и Интернационал.

Средбата заврши со непопуларните 0:0, но печат на средбата ставија немилите сцени на самиот крај.

Имено, во 90. минута настана масовна тепачка во која учествуваа сите фудбалери од двете екипи.

На крајот, судиите досудија дури 8 црвени картони.

Интересно, ова не е рекорд според покажаните црвени картони, бидејќи во 1971 година на средбата меѓу Бока Јуниорс и Спортинг Кристал беа досудени дури 16 црвени картони.