Милан запиша нов пораз во калчо лигата, загуби на „Сан Сиро“ од Фиорентина со 1-3 и ја продлабочи кризата.

Ова е трет пораз за „росонерите“ во низа, сега се на 16 позицијата на табелата во калчо лигата, тренерот Џампаоло е пред отказ.

Головите за тимот од Фиренца ги постигнаа, Пулгар, Кастровари и Рибери кој одигра одличен натпревар.

Голот за Милан го постигна Леао во 80 минута кога го постави конечниот резултат 1-3.