Франција и Германија го одиграа дербито од првата рунда на Европското првенство, покрај скандалот со параглајдеристот, имаше и втор меѓу германскиот репрезентативец Антонио Ридигер и Пол Погба.

Во финишот на првиот дел,  Ридигер го гризна Пол Погба, судијата не го виде тоа и не го казни германскиот репрезентативец.

Погба реагираше, бараше црвен картон за Ридигер тврдејќи дека дефанзивецот го гризнал, но тој не беше казнет.