Актуелниот првак на Македонија, Шкендија, загуби во воведниот натпревар од двомечот на гостувањето кај Рига со 2:0 во четвртфиналето од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.

Весли го отвори резултатот во 13 минута по додавањето од Соисало. На 2:0 зголеми Вакулко во 52 минута.

Ова беше доволно за елиминација на Шкендија од новоформираното натпреварување на УЕФА.

 

Реваншот се игра за седум дена во Скопје на „Тодор Проески“.