Лацио го доби дербито на 24 коло во Серија А откако го совлада Интер со 2:1 пред домашните навивачи на „Олимпико“. Екипата на Антонио Конте имаше предност по првото полувреме но во вториот дел домаќините најдоа начин и сила за целосен пресврт на резултатот.

Гостинот и претендент за врвот во Серија А, поведе со првиот гол на Ешли Јанг (44 минута)по трансферот во Италија.

Во второто полувреме, Имобиле од пенал во 50 минута израмни на 1:1.

Пресвртот беше дело на Милинковиќ Савиќ кој одлично се снајде во шеснаесетникот на Интер во 69 минута и го надмудри Падели.

По денешната победа, Лацио се искачи на второто место на табелата во Серија А со 56 бода, еден повеќе има лидерот Јувентус, Интер сега е трет со 54 бода.