Евертон успеа да се пробие во првите четири со триумфот на гостински терен против ВБА. Стрелец на единствениот гол со кој карамелите дојдоа до победа беше Ришарлисон во 65-тата минута.

Со оваа победа Евертон сега има 46 бода и се наоѓа на позицијата која води во Лигата на шампионите, додека ВБА е се поблиску до враќање во Чемпионшип, со оглед на тоа што имаат само 17 бода и се наоѓаат на 19-тото место.

Со денешната победа против Фулам во игра за пласман во Лигата на шампионите останува и Тотенхем на Жозе Мурињо, тие успеаа да славата на гостувањето кај Фулам со 0:1. Единствениот погодок на овој меч беше автоголот на Тосин Адарабијо во 19-тата минута.

ВАР системот му помогна денеска на Мурињо, со оглед на тоа што беше поништен голот на Џош Маја во 62-та минута.

Standings provided by SofaScore LiveScore