Динамо Загреб обезбеди пласман во осминафиналето во Лига Европа откако по втор пат го совлада Краснодар во 1/16 финалето од Лига Европа овојпат со 1:0 и со вкупни 4:2 се најде во следната рунда.

Единствениот гол на мечот го постигна Орсиќ во 31 минута. Македонските репрезентативци Адеми и Ристовски го одиграа целиот натпревар.

Неочекувана елиминација претрпе Баер Леверкузен од Јанг Бојс кој вечерва победи со 2:0.

Пласман во следната фаза обезбедија и  Милан, Рома, Динамо Киев, Славија Прага која го елиминираше Лестер, Манчестер Јунајтед и ПСВ.