Ривер Плата во најголемото светско дерби го совлада Бока Јуниорс на домашен терен со 2-0 во првиот меч од полуфиналето од Копа Либертадорес. Во вистински спектакл на Монументал пред скоро 70.000 гледачи домаќините славеа над лутиот ривал и со една нога се во финалаето на Лигата на шампиони во Јужна Америка.

Овој дуел беше реприза од ланското финале во ова натрпеварување, а до титулата стигнаа популарните „милионери“. Стрелци за головите на Ривер беа Рафаел Боре и Игнасио Родригез. Ова е голем шок за тимот од Бомбоњера, кој на следниот меч ќе биде ослабен со неиграњето на Капидал кој заработи црвен картон.

Ривер ја брани титулата, а четири пати славеа во Копа Либертадорес. Бока има два наслова шампион на Јужна Америка, но последен пат славеа во 2007 година, а во последната деценија два пати загубија во финалето.

Реваншот се игра на 23 октомври, а во второто полуфинале се се среќаваат бразилските гиганти Гремио и Фламенго.