Аријен Робен се врати на фудбалските терени по пауза од 8 месеци и тоа во стартната постава на Гронинген  во голем стил со две асистенции.

Легендарниот фудбалер на Баерн Минхен пред почетокот на минатата сезона одлучи да се врати од пензија за да заигра за својот матичен Гронинген ,но како што и беше во текот на целата негова кариера немаше среќа со повредите па мораше да паузира подолг период.

Откако забележа две асистенции и беше избран за МВП во триумфот над Емен од 0:4Робен не можеше да ги сокрие солзите.

„Поминав долг пат за повторно да се вратам. Ова не е она што го сакав. Сакав да му помогнам на клубот и на тимот со играње фудбал. Пресреќен сум што тоа го направив барем денеска. Ова чувство ме прави многу среќен.

„Се надевав и очекував повеќе по моето враќање. Периодот зад мене беше тежок, но не се откажав и продолжив да се борам. Се надевав дека наградата конечно ќе дојде на крајот. Денеска се забавував како мало дете и бев важен за тимот, многу сум среќен“, – изјави расплаканиот Робен кој се уште нема донесено одлука дали ќе игра фудбал и наредната сезона.