Роберт Левандовски на натпреварот меѓу Фрајбург и Баерн го постигна својот 40-ти гол во Бундес лигата оваа сезона.

Полскиот напаѓач од пенал во 26-тата мимута ги доведе гостите во водство и го израмни рекордот на Бундес лигата стар 50 години. Легендарниот Герд Милер до оваа сезона беше единствен фудбалер кој во една сезона постигна 40 погодоци, а во тоа успеа во сезоната 1971/1972.

Сега Левандовски во 28 одиграни натпревари го изедначи неговиот рекорд, а има шанса да го сруши во последното коло, во кое Баерн го дочекува Аугзбург.

Соиграчите и тренерот пак му оддадоа посебна почест поради овој рекорд.