Фудбалската репрезентација на Аргентина ја запиша првата победа на Копа Америка во групата А откако славеше против Уругвај со 1:0 во второто коло.

Единствениот гол на мечот го постигна Родригез по додавањето од Меси во 13 минута. Во третото коло Аргентина ќе игра со Парагвај.

Чиле стигна до минимална победа во оваа конкуренција откако со голот на Бретерон од 10 минута го совлада Боливија.