Карло Анчелоти дефинитивно ги погоди измените на гостувањето кај Интер во Лигата на шампионите.

Родриго и Камавинга влегова во второто полувреме и токму овие двајца искомбинираа за гол во 89 минута за победа од 1:0.

Анчелоти пред крајот реши да му даде шанса и на Асенсио додека Азар остана на клупата за резерви што е знак дека репрезентативецот на Белгија е далеку од статус кој му гарантира место во почетниот тим, тврди Марка.